На интернет се проширија фотографии од нејзиното излегување на кои се гледа како опуштено ужива во друштво. Премиерката тој ден била на вечера во ресторан, а потоа продолжила да се забавува со сопругот Маркус Раиконен и пријателите.
Немало да има ништо проблематично во тоа доколку нејзиниот министер за надворешни работи во саботата не добил позитивен тест за ковид , поради што премиерката и некои нејзини министри требало да бидат во изолација и да избегнуваат контакти.
Откако финскиот таблоид објави фотографија од премиерката на забава во ноќен клуб, Марин се извини во интервју за јавната телевизија.
Finland’s Foreign Minister tests positive for Covid. The rest of the government has been informed and instructed to avoid contact but Prime Minister Sanna Marin was in the nightclub all night even the PM knew about situation. Elite think restrictions don’t apply to them. ?? pic.twitter.com/Kj4yuB6xYv
— Based ?? (@Based_FIN) December 5, 2021
„Згрешив. Требаше повнимателно да ја согледам ситуацијата“, изјави Марин во интервју.
Имено, Марин и нејзините двајца министри биле изложени на коронавирус на состанок одржан во петокот, на кој присуствувал и министерот за надворешни работи Пека Хависто, кој во саботата добил позитивен тест на ковид-19.
Премиерката подоцна на Фејсбук напиша дека вечерала во ресторан кога примила повик од нејзиниот државен секретар од кој дознала дека била изложена на вирусот претходниот ден.
„Ми рече дека министрите не мора да бидат во карантин затоа што примиле две дози од вакцината“, напиша Марин на Фејсбук, обидувајќи се да објасни зошто не се изолирала.
Сепак, од кабинетот на премиерката подоцна е соопштено дека во саботата испратиле СМС пораки до изложените министри и премиерката, во кои им е речено дека биле изложени на вирусот ден претходно и дека треба да избегнуваат контакт со луѓе.
Обидувајќи се да ја објасни својата одлука, Марин рече дека го оставила службениот мобилен дома и со себе го зела само приватниот телефон.
Финската премиерка од саботата била тестирана двапати, секој пат негативно, исто како и нејзините министри кои биле изложени на вирусот во петокот.






