сабота, 2 мај 2026

Фејсбук во Русија би можел да плати десетици милиони долари казни

Објавено на

часот

Сподели

Регулаторот Роскомнадзор минатата недела се закани да го казни Фејсбук со 10 отсто од годишниот промет кој го остварува во Русија доколку не ги отстрани содржините кои Русија ги забрани. Исполнувањето на тоа барање може да значи дека Фејсбук подлегнува на рускиот притисок.

Експерти за Ведомости проценија дека Фејсбук во Русија годишно заработува меѓу 165 и 538 милиони долари.

Роскомнадзор соопшти дека Фејсбук отстранил дел од забранетата содржина од своите платформи, вклучувајќи го Инстаграм, но дека сепак може да се соочи со казна поради тоа што содржината не ја избришал порано.

„Вкупно 1.043 објави во моментов сè уште се неизбришани од Фејсбук и 973 од Инстаграм“, кажа еден службеник за Ведомости.

Претходно годинава Роскомнадзор им наложи на Фејсбук и други социјални медиуми да ги отстранат содржините во кои се повикуваат малолетници да учествуваат во антивладините протести по апсењето на опозиционерот Алексеј Навални.

Руските медиуми јавија дека Фејсбук би бил казнет за тоа што не тргнал постови кои содржат детска порнографија и промовираат употреба на наркотици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ