„Сакаме да појасниме дека немаше злонамерни активности зад падот на мрежите. Главната причина беше неисправна промена на конфигурацијата кај нас“, се наведува во соопштението што го пренесе ТАСС.
Претходно Фејсбук објави дека нема докази дека трета страна се вмешала во сервисите на оваа компанија, додавајќи дека заклучоците на експертите не се конечни.
Во понеделникот, Фејсбук, Инстаграм, Вотсап и некои други сервиси на оваа компанија не функционираа околу шест и пол часа.






