среда, 22 април 2026

Фаучи: Делта сојот е причината за новите случаи на ковид-19 во САД

Објавено на

часот

Сподели

„Одобрените вакцини се ефикасни во над 90 отсто случаи во спречувањето на хоспитализација и смрт“, кажа за време на сослушувањето во Сенатот на американскиот Конгрес Фаучи, еден од членовите на тимот на Белата куќа за реагирање на пандемијата.

Сослушувањето го обележа и расправата со републиканскиот сенатор Ранд Пол кој Фаучи го обвини за изнесување невистини за тоа дека Националниот институт за здравје обезбедува парични средства за истражувањата во Кинескиот институт за вирологија во градот Вухан – почетниот епицентар на пандемијата.

Сенаторот од американската држава Кентаки, кој имаше неколку расправи со Фаучи и за време на претходните сослушувања во врска со пандемијата, тврдеше дека истражувањето можело да има улога во развојот на коронавирусот во лабораторијата во Вухан.

Американскиот претседател Џо Бајден побарал од соработниците да го истражат потеклото на коронавирусот и во рок од три месеци да го известат за добиените резултати.

Меѓу здравствените експерти преовладува теоријата дека вирусот потекнува од животни, односно од лилјаците и дека преку нив стигнал до луѓето.

Делта сојот на коронавирусот е откриен во Индија на почетокот на 2021. Од тогаш стана доминантна варијанта на вирусот во САД и други држави. Досега е откриен во над 90 земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ