среда, 22 април 2026

Фаучи: Да кружеа тогаш толку лаги, никогаш немаше да ги искорениме сипаниците

Објавено на

часот

Сподели

Научникот зборуваше ден по критиките на американскиот претседател Џо Бајден кон Фејсбук и другите мрежи, во кои ги обвини за пренесување лажни информации за вакцините и за убивање на луѓе.

„Големите оператори на социјалните мрежи на кои се шират дезинформации за вакцините убиваат луѓе“, тврди Бајден, додека Белата куќа побара да бидат подоследни во однос на дезинформациите на мрежите. Фејсбук се бранеше од обвинувањата, велејќи дека веќе повлекол повеќе од 18.000 дезинформации за ковид-19 и споделил повеќе од 2 милијарди безбедни информации за ковид и вакцините.

Доктор Фаучи одговори на новинар на Си-ен-ен, кој го праша дали мисли „дека ќе можевме да ги победиме сипаниците или да ја искорениме детската парализа, ако Фокс њуз ги предупредуваше луѓето ноќ за ноќ за проблеми со вакцините“. Канал Фокс њуз, кој долго време го поддржуваше поранешниот претседател Доналд Трамп, ги множи пораките со скептицизам кон вакцинациите.

По првиот бран на вакцинација низ целата земја, темпото на вакцинација нагло е намалено во САД. Случаите на зараза се зголемуваат во државите со најниска стапка на вакцинација, исто како што заразната делта варијанта рапидно се шири. Целта најавена од Бајден, да се вакцинираат 70 проценти од возрасните до националниот празник 4 јули, не е постигната.

Првичниот скептицизам во врска со вакцините во многу делови на САД е претворен во непријателство, бидејќи пораката против вакцината е засилена со теории на заговор, кои конзервативните медиуми рутински ги емитуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ