сабота, 2 мај 2026

Фајзер побара дозвола од американската влада за вакцинација на деца на возраст од 5 до 11 години

Објавено на

часот

Сподели

Многу родители и педијатри побараа можност за заштита на децата под 12-годишна возраст. Не само затоа што помалите деца исто така можат сериозно да заболат од коронавирус, туку проблематично е и ширењето на вирусот во училиштата, особено во заедниците со ниско ниво на вакцинација, пишува АП.

Фајзер на Твитер објави дека поднела официјална пријава до американската Администрација за храна и лекови (ФДА). ФДА сега треба да процени дали вакцината е безбедна за помалите деца во иста мера како што е безбедна за тинејџерите или возрасните.

Независниот експертски совет јавно ќе расправа за ова прашање на 26 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ