понеделник, 4 мај 2026

Европарламентот ја тужи Европската комисија

Објавено на

часот

Сподели

Механизмот за кој станува збор беше воведен кон крајот на 2020 година и ѝ овозможува на ЕУ да го запре финансирањето на земјите-членки за кои Брисел смета дека му пркосат на владеењето на правото. Нацијата што во моментов е на врвот на црната листа е Полска, чија конзервативна влада усвои голем број политики што ЕУ ги смета за спорни.

„Очекуваме Европската комисија да дејствува на доследен начин и да го исполни она што го изјави претседателката Фон дер Лајен за време на нашата последна пленарна дискусија на оваа тема. Зборовите мора да се претворат во дела“, рече претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Марија Сасоли, коментирајќи го поднесувањето на тужбата.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ