среда, 22 април 2026

Европа стана првиот регион кој надмина 50 милиони заразени со коронавирус

Објавено на

часот

Сподели

Европскиот регион има милион нови инфекции секој осми ден и пријавува скоро 1,3 милиони смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Делта варијантата, која е многу позаразна од оригиналната верзија на коронавирусот, е откриена во околу 100 земји и сега е доминантна во светот.

Европските пазари стравуваат дека делта варијантата може да го забави глобалното економско закрепнување.

„Инвеститорите се многу загрижени дека може да се случи уште едно затворање за еден месец или два“, рече Рас Молд, директор за инвестиции во Еј-џеј Бел.

Европа има 27 проценти од случаите на зараза со коронавирус во светот и 31 процент од смртните случаи. Ѝ требаа 194 дена да дојде од 25 до 50 милиони заразени, додека за првите 25 милиони ѝ требаа 350 дена.

Русија и Франција се приближуваат до бројката од шест милиони заразени од почетокот на пандемијата.

Англија во понеделникот ги укина скоро сите мерки, но т.н. Денот на слободата е обележан со зголемен број заразени лица и лоши прогнози.

Франција ги имаше едни од најстрогите затворања во Европа и сега бара потврда за вакцинирање за влез на бројни места од почетокот на август, како и задолжителна вакцинација за здравствените работници. Тоа предизвика големи протести во земјата викендов.

Холандија минатата недела објави дека упатствата за работа од дома се повторно во сила, само неколку недели откако ги укина, како и некои ограничувања кога станува збор за барови, ресторани и ноќни клубови.

Грција бара од посетителите на рестораните и кафулињата да покажат потврда за вакцинација за да можат да влезат во затворениот простор.

Вкупно, светот бележи повеќе од 190 милиони инфекции со коронавирус и четири милиони смртни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ