Италијанскиот премиер Марио Драги на заедничката прес-конференција со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Рим рече дека финансиската помош ќе придонесе за раст и конкурентност на италијанската економија.
Како најтешко погодена членка во ЕУ, како економски, така и во однос на смртните случаи од пандемијата, Италија доби најмногу средства од европскиот план за закрепнување вреден 750 милијарди евра, кој се состои од 68,9 милијарди евра во грантови и 122,6 милијарди во заеми.
Одобрувањето од Комисијата е важен чекор кон распоредувањето средства за големата италијанска реформа и инвестициски план.
Фон дер Лајен рече дека првите средства може да бидат пуштени за четири недели, откако Европскиот совет ќе го одобри планот.
Повеќе од една третина од вкупните средства одобрени за Италија се наменети за проекти посветени на климатските цели и една четвртина за дигитални инвестиции.
Вон дер Лајен истакна дека клучните реформи вклучуваат планови за намалување на должината на граѓанските и кривичните судења, модернизација на јавната администрација и реформа на законот за конкуренција.






