Партијата на просперитетот на Абиј е прогласена за победник на парламентарните избори одржани претходно годинава.
Изборите ги критикуваа и повремено ги бојкотираа опозициските партии, но некои надворешни изборни набљудувачи оценија дека се подобро спроведени од претходните избори.
Премиерот, добитник на Нобеловата награда за мир во 2019 година поради повторното воспоставување врски со соседна Еритреја и спроведувањето опсежни политички реформи, сега е соочен со големи предизвици бидејќи војната во регионот Тиграј се шири на други делови на земјата, се враќа етничкото насилство, а пристигнуваат и предупредувања за враќање на репресивното владеење.
Единаесетмесечната војна ја ослаби економијата на Етиопија која во еден момент беше во најголем подем во Африка и се заканува да го изолира Абиј некогаш сметан за регионален миротворец.
Само тројца африкански шефови на држави, од Нигерија, Сенегал и соседна Сомалија, присуствуваа на вчерашната церемонија.
Минатата недела Обединетите нации, Соединетите Американски Држави и неколку европски земји ја осудија етиопската влада за тоа што протера седум службеници на ОН обвинувајќи ги дека ги поддржуваат силите во Тиграј кои се борат против етиопските и сојузничките сили.
[video:https://youtu.be/GFI9TPG8q8k autoplay:0]





