Првиот човек на Турција прошета низ сараевска Башчаршија каде го поздравија голем број граѓани, а некои успеаја со него накратко да поразговараат. Ердоган замина и на гробот на Алија Изетбеговиќ каде оддаде почит.
Во вечерните часови Ердоган ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, а теми на разговорот ќе бидат економската соработка на двете земји и заедничките инфраструктурни проекти како изградбата на автоматот Сараево-Белград.
[video:https://youtu.be/BlWa5Cxzg2I autoplay:0]Ердоган пред заминувањето во посета на Босна и Херцеговина на новинарите во Истанбул им кажа дека БиХ претставува клучна држава на Балканот и дека Турција дава голема важност на нејзината мултикултурна структура, безбедноста, стабилноста и развојот.
Турскиот претседател изрази задоволство што по посетата на БиХ, ќе отпатува во прва официјална посета на Црна Гора.
Erdogan u Sarajevu @N1infoSA pic.twitter.com/NmycMViJzd
— Adisa Imamovic (@adisa_imamovic) August 27, 2021






