четврток, 7 мај 2026

Ердоган: Социјалните мрежи се меѓу главните закани на демократијата

Објавено на

часот

Сподели

Турската влада планира да воведе закони за криминализирање на ширењето лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи, но критичарите велат дека предложените измени ќе ги заострат рестрикциите на слободата на говорот.

„Социјалните мрежи, опишани како симбол на слободата кога првпат се појавија, станаа еден од главните извори за закана на денешната демократија“, рече Ердоган во видео порака на конференција за комуникација организирана од владата во Истанбул.

„Се обидуваме да го заштитиме нашиот народ, особено чувствителните делови на општеството, од лаги и дезинформации без да ги нарушиме правата на нашите граѓани да добиваат точни и непристрасни информации“, рече тој.

Минатата година Турција донесе закон со кој социјалните мрежи со повеќе од милион корисници треба да имаат правен застапник и да ги складираат податоците во земјата.

Многу компании, вклучително и Фејсбук, Јутјуб и Твитер, во меѓувреме отворија канцеларии во Турција.

Новите прописи ќе воведат кривична одговорност за ширење „дезинформации“ и „лажни вести“, а на прекршителите им се заканува затворска казна до пет години, објавија провладините медиуми. Ќе се воведе и регулатор за социјалните мрежи.

Повеќето главни турски медиумски компании се под владина контрола, со што социјалните мрежи остануваат важна платформа за гласовите на несогласувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ