недела, 3 мај 2026

Ердоган се закани со протерување на десет амбасадори од Турција

Објавено на

часот

Сподели

„Му кажав на нашиот министер за надворешни работи дека не можеме да си дозволиме да им посакаме добредојде (на амбасадорите) во нашата земја“, кажа Ердоган, а пренесуваат турските медиуми.

Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД повикаа во понеделникот на „праведно и брзо решавање на аферата“ на Осман Кавала, турскиот издавач и мецена кој се наоѓа во затвор четири години без судење.

„Зар вие треба да ѝ делите лекции на Турција“, наведе Ердоган и додаде дека турското правосудство е независно.

Турските власти во вторникот ги повикаа амбасадорите на тие десет земји, оценувајќи го како „неприфатлив“ нивниот повик на ослободување на Кавала.

Властите во 2013 година го обвинија 64-годишниот Кавала, позната личност од цивилното општество, дека сака да ја дестабилизира државата. Кавала таа година ги поддржа антивладините протести. Потоа во 2016 беше обвинет за обид за уривање на владата при неуспешниот државен удар.

Европскиот суд за човекови права во декември 2019 наложи негово ослободување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ