среда, 22 април 2026

Ердоган: Пристапот што го имаат талибанците не е начин на кој би требало да се однесуваат муслиманите

Објавено на

часот

Сподели

„(Талибанците) треба да ја прекинат окупацијата на земјата на своите браќа и веднаш да му покажат на светот дека мирот завладеа во Авганистан“, изјави Ердоган за медиумите во понеделникот.

Тој исто така додаде дека пристапот што го имаат талибанците не е начин на кој муслиманите би требало да се однесуваат едни кон други.

Турција, која понуди да управува и да го обезбедува аеродромот во Кабул по повлекувањето на НАТО, преговара со Соединетите Држави за финансиска, политичка и логистичка поддршка.

Поради својата намера да ја задржи војската во Авганистан за да управува со аеродромот во Кабул, талибанците минатата недела издадоа предупредување до Турција.

Запрашан за коментар, Ердоган рече дека во изјавата дадена од талибанците експлицитно не се вели: „Не ја сакаме Турција“.

Турција има намера да одржи разговори со талибанците кои се противат на мерката, најави турскиот претседател, а пренесе Франс прес.

„Во моментов, било на ниво на Министерството за надворешни работи или на мое ниво, (…) се обидуваме да видиме кои разговори можеме да ги водиме со талибанците и каде можат да не однесат овие размени“, рече Ердоган.

Талибанците владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година и 20 години се бореа за соборување на владата поддржана од Западот во Кабул и повторно воспоставување на исламска власт, и сега повторно се борат за освојување територии додека странските трупи се повлекуваат од земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ