„Загинаа 15 лица, едно лице е хоспитализирано со тешки изгореници, а судбината на уште едно лице останува непозната“, се наведува во соопштението.
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека пожарот избил на крајот на процесот на производство во фабриката.
[video:https://youtu.be/cADOkPz7zLA autoplay:0]Жителите на местата околу фабриката не се загрозени. Над 170 спасувачи се на терен.
Агенцијата Интерфакс јави дека пожарот избил поради „кршење на технолошките процеси и безбедносните стандарди“.
Фабриката за производство на експлозиви за цивилна употреба се наоѓа во Рјазањ, околу 200 километри јужно од Москва.
[video:https://youtu.be/5J-Imhdh2QE autoplay:0]





