петок, 1 мај 2026

Експериментален лек против корона го намалува ризикот од смрт за 50 проценти

Објавено на

часот

Сподели

Мерк и партнерот Риџбек Бајотерапјутикс планираат од САД да побараат итно одобрување на лекот, а подоцна и од регулаторните агенции ширум светот.

„Ова ќе ја промени борбата против ковид-19“, рече Роберт Дејвис, извршен директор на Мерк.

Доколку биде одобрен, молнупиравир, кој работи така што внесува грешка во генетскиот код на вирусот, ќе биде првиот орален антивирусен лек против ковид-19.

Ривалите, вклучително и Фајзер и швајцарската фармацевтска компанија Рош, се тркаат за развој на антивирусни таблети. Досега, само коктели со антитела кои се даваат интравенозно се одобрени за лекување на заразени пациенти кои не се хоспитализирани.

Научниците го поздравија потенцијалниот нов лек за спречување на потешки форми на ковид-19, што досега уби речиси пет милиони луѓе ширум светот.

„Достапноста на ефективен орален антивирусен лек без несакани ефекти ќе биде особено корисна покрај вакцинацијата во намалувањето на хоспитализациите“, рече Пени Вард, професорка по фармацевтска медицина на Кралскиот колеџ во Лондон.

Мерк очекува да произведе десет милиони пакувања од лекот до крајот на 2021 година и дека повеќе дози ќе бидат достапни следната година.

Компанијата има договор со американската влада за 1,7 милиони кутии молнупиравир по цена од 700 долари по кутија.

Во Мерк, не можеле да проценат колку долго ќе ѝ треба на американската Агенција за храна и лекови да го процени лекот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ