Дутерте дојде на власт во 2016 година. Тој рече дека на претстојните избори во јуни 2022 година нема да се кандидира ни за претседател ни за потпретседател.
„Голем број Филипинци сметаат дека не сум способен и би било кршење на уставот ако се заобиколи законот, духот на уставот, ако се кандидирам за потпретседател“, рече Дутерте.
„Денес објавувам дека се повлекувам од политиката“, додаде тој.
Лидерот на партијата ПДП-Лабан во август објави дека има намера да се кандидира за потпретседател на крајот од својот шестгодишен мандат на највисоката позиција, пренесува Дојче веле.






