петок, 1 мај 2026

Додик верува дека до 2030 Република Српска ќе биде независна држава

Објавено на

часот

Сподели

Единственото нешто кое може да ја урне Република Српска, порача Додик, е колебливото национално лидерство кое лесно би се согласило да се откажат од она што се бореле.

Додик укажа дека група западни земји на овие простори го прифатиле муслиманскиот концепт, но дека ниедна генерација српски политичари не ги прифатиле како рамноправни соговорници.

„Сега политичката логика наложува да се обединиме околу идејата која се вика Република Српска“, кажа Додик, кој верува дека РС ќе биде независна држава до 2030 година.

Истакна дека би сакал да престане американската доминација во политичките притисоци, истакнувајќи дека сите знаат дека БиХ не може да функционира, дека нема консензус и дека муслиманите сакаат да ги потчинат Србите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ