сабота, 2 мај 2026

Додик: Планот не ни е да ја растуриме БиХ, туку да го вратиме суверенитетот на РС

Објавено на

часот

Сподели

Тој, пред почетокот на седницата на претседателството на СНСД најави дека на крајот на месецот или на почетокот на ноември ќе биде закажана седница на собранието на РС на која ќе се расправа за укинување на оружените сили на БиХ, Високиот судски и обвинителски совет и Управата за индиректно оданочување на БиХ.

Тој најави дека на територијата на РС ќе биде укината и Агенцијата за истраги и заштита на БиХ, на која, како што кажа, ќе ѝ биде забрането дејствување на територијата на РС, како и Разузнавачко-безбедносната агенција, по што РС би требало да формира своја разузнавачка структура.

„Ако оставиме и понатаму една ненаведувана ракета, како Уставниот суд на БиХ да почне да носи одлуки, брзо ќе ја укине и РС. Нашата проценка е дека нема назад. Ги подготвивме сите услови РС да продолжи да функционира“, им кажа Додик на новинарите.

Истакна дека е против конфликт и дека е спремен на дијалог, наведувајќи дека Република Српска „нема да води никакви оружени акции, освен ако биде нападната“.

„Веруваме дека муслиманите можат нешто паравоено да направат. Мислиме многу сериозно и нема да се повлечеме пред заканите и санкциите“, кажа Додик.

Тој повика на внатрешен дијалог во БиХ, но под услов во него да не учествуваат странци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ