четврток, 7 мај 2026

Додик им се закани на Германците: Ако воведат санкции, ќе возвратиме

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за имотот, Додик во интервјуто за белградска Политика оцени дека Уставниот суд на БиХ нема право да ја утврдува сопственоста бидејќи тоа го решил Дејтонскиот договор.

Тој најави дека ќе биде донесен закон кој ќе потврди дека Република Српска е сопственик на имотот на својата територија.

Додаде дека ќе се обидат да го разберат моментот кога станува збор за војската, бидејќи постојат многумина кои зборуваат дека тоа им е проблематично.

„Па и нам ни е проблематично. Ете, нека се преполоват воените потенцијали, да се намалат трошоците, за тие пари да ги насочиме на ентитетските сметки за да ги решаваме социјалните прашања“, предложи тој и наведе дека така војската останува парадна организација.

Зборувајќи за предупредувањата дека ќе изостанат инвестициите, Додик вели дека РС има свои пријатели кои и до сега инвестирале и тврди дека нема да се изгубат вложувањата.

„Шмит не постои, Бошњаците научија со нив некој друг да управува, а Србите не трпат тутори. Германија, Британија и Брисел ги напаѓаат Ердоган и Лукашенко дека се авторитарни лидери. А потоа тие истите ни го праќаат Шмит, без одлука на Советот за безбедност на ОН и го прогласуваат за висок претставник“, објасни Додик.

Тој наведе дека во случај на санкции и Република Српска не е без контрамерки, и дека е спремна да возврати.

„Можеби некој ќе се обиде да го исмее ова што ќе кажам, но ни Република Српска не е без контрамерки. Ако Германија воведе санкции, ќе возвратиме. Не сум слеп да не знам што се Америка и Германија. Но мојата порака е – претеравте. Направивте сè за да ја замразиме БиХ, а никогаш не сме ја ни сакале“, додаде.

Додаде дека лекот кој за БиХ го форсираат Американците е погрешен, и дека можеби најдоброто решение би бил деангажман на Америка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ