сабота, 2 мај 2026

Џонсон: Велика Британија не е на пат кон ситуацијата од 1970-тите

Објавено на

часот

Сподели

Недостатокот на работници по брегзит влошен со глобалниот притисок од кризата предизвикана со вирусот ковид-19, доведе до проблеми во синџирот на снабдување во Велика Британија со што се заканува недостаток на гориво и прехранбени производи.

Британски војници во вторникот возеле цистерни со гориво до магацини во јужна Англија, велат новинари на Ројтерс.

Радио Би-би-си го праша Џонсон дали Велика Британија е во криза, а Џонсон одговори: „Не“.

„Напротив, мислам дека она што го гледате во британската и глобалната економија е производ на притисокот врз синџирите на снабдување што се очекува од ‘огромното будење’ на економијата, и токму тоа се случува“, рече тој.

Џонсон рече дека компаниите треба да се ослободат од зависноста од евтина увозна работна сила.

„Она што го видовте во последните 20 или повеќе години, речиси 25 години, беше пристап во кој различни компании долго време успеаја да ги усогласат ниските плати, ниските трошоци и имиграцијата“, рече Џонсон.

Поради недостатокот на камионџии на бензинските пумпи во Велика Британија недостасува гориво, додека зголемувањето на цените на природниот гас низ Европа доведе до банкрот на енергетски компании.

Новинари на Ројтерс забележале дека многу бензински пумпи останале затворени во вторникот во Лондон и низ јужна Англија.

Џонсон рече дека Велика Британија не е на пат кон ситуација од 1970 -тите, кога инфлацијата изнесувала 22,6 проценти и земјата морала да позајми средства од Меѓународниот монетарен фонд за време на валутната криза.

„Мислам дека нема да има таков проблем и мислам дека природната способност на оваа земја да ги реши своите логистички проблеми е многу силна“, рече Џонсон, одговарајќи на прашање за ризикот од инфлаторна спирала како онаа од 1970-тите.

Владата минатиот месец објави дека привремено ќе ги промени правилата за имиграција и ќе издаде 5.000 визи за возачи од ЕУ.

Џонсон рече дека досега се пријавиле 127 возачи.

„Тоа покажува глобален недостаток“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ