сабота, 2 мај 2026

Делта-сојот на ковид-19 се прошири на 192 земји

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата Тасс потсетува дека делта-сојот на коронавирусот првпат е откриен во Индија во октомври 2020 година.

Според податоците објавени во епидемиолошкото ажурирање на СЗО, алфа-сојот, кој првпат е откриен во Велика Британија во септември 2020 година, во овој момент е присутен во 195 земји и територии (во две нови земји е присутен од минатата недела).

Бета-сојот, откриен во Јужна Африка во август минатата година, присутен е во 145 земји (три нови земји од минатата недела), додека гама-сојот, кој првпат е откриен во Бразил во септември минатата година, присутен е во 99 земји (четири нови земји од минатата недела).

Според податоците на СЗО, од почетокот на пандемијата на коронавирусот до 5 октомври во светот се регистрирани 235.175.106 случаи на вирусот и 4.806.841 смртен случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ