петок, 1 мај 2026

Делегација на ЕУ ја испитува употребата на шпионски софтвер во Унгарија

Објавено на

часот

Сподели

Шефицата на Комисијата на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, Гвендолин Делбос-Корфилд, вчера изјави дека за време на официјалната посета на Унгарија оваа недела, нејзината делегација разговарала со неколку унгарски новинари чии телефони биле заразени со Пегасус, злонамерен софтвер за шпионирање.

Глобалната истрага на конзорциум од неколку водечки светски медиуми објавена во јули покажа дека Пегасус, шпионски софтвер на израелската компанија „НСО Груп“, бил користен во Унгарија за таен надзор, вклучувајќи најмалку 10 адвокати, еден опозициски политичар и неколку новинари критички настроени кон Владата.

Делбо-Корфилд на прес-конференција во Будимпешта рече дека неколку новинари со кои разговарала делегацијата велат дека аферата Пегасус била „доста трауматична“.

Злонамерниот софтвер се инфилтрира во телефоните за да собира лични податоци и податоци за локацијата, и може тајно да ги контролира микрофоните и камерите на телефоните.

Во случајот со новинарите, ова им овозможува на хакерите да ја шпионираат нивната комуникација со изворите.

Делбо-Корфилд рече дека одбивањето на унгарската влада да потврди или да негира дали е одговорна за шпионажата „претставува голема грижа за Европскиот парламент“.

Иако се покажа дека шпионски софтвер се користел и во други земји на ЕУ, се чини дека шпионирањето не ги вклучува владите на тие земји, рече таа.

„Не го тврдам тоа, но кога станува збор за Унгарија, имаме јасен знак дека владата тоа го направила сама“, рече Делбос-Корфилд.

Унгарските власти, без да негираат дека го користеле Пегасус, тврдат дека сите активности за тајно следење биле извршени во согласност со унгарскиот закон.

Министерката за правда Јудит Варга одби да дојде на распит пред комисијата за национална безбедност на унгарскиот парламент и во јули им рече на новинарите дека „на секоја земја ѝ се потребни вакви алатки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ