четврток, 7 мај 2026

Данска ќе изнајми 300 затворски места во Косово

Објавено на

часот

Сподели

Со проектот е планирано „да се изнајмат 300 затворски места во Косово“ за затворениците кои по отслужувањето на казната треба да бидат депортирани од Данска, се вели во соопштението на Министерството за правда, јави Гардијан.

Минатата година, околу 350 затвореници во данските затвори требало да бидат депортирани на крајот на отслужената казна.

Со проектот исто така е планирано да се зголеми капацитетот на данскиот затворски систем за 326 места во периодот од 2022 до 2025 година.

Од 2015 година, бројот на затвореници во Данска е зголемен за 19 проценти, достигнувајќи повеќе од 4.000 затвореници на почетокот на 2021 година, со што над 100 проценти е надминат капацитетот.

Во истиот период, бројот на чувари е намален за 18 отсто во земја со 5,8 милиони жители, позната по отворените затвори резервирани за затвореници кои отслужуваат казни помали од пет години.

Во Косово заклучно со 2020 година, според Светската статистика на затворите (ВПБ) на Универзитетот во Лондон, во затворите имало 1.642 затвореници, што е 97% од капацитетот.

Норвешка и Белгија веќе изнајмувале ќелии во Холандија каде што ги испраќале затворениците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ