сабота, 18 април 2026

Дал бакшиш од 16.000 долари за два купени хот-дога

Објавено на

часот

Сподели

Келнерот на еден скромен ресторан во градот Лондондери не забележал дека купувачот, покрај 37,93 долари колку што чинеле два хот-дога со чили сос, помфрит и пијалак, оставил уште 16.000 долари.

„Немојте сѐ одеднаш да потрошите“, рекол муштеријата, кој платил со својата картичка.

Вработениот на каса изненадено му рекол на клиентот: „Боже, дали сте сериозен?“

Во Соединетите Држави е обичај бакшишот да биде во износ од 15 до 20 проценти, објавија локалните медиуми во саботата.

„Сакам да имате корист од тоа, напорно работите“, рекол неименуваниот клиент додека го напуштал ресторанот, кој неколку месеци бил затворен поради епидемијата на коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ