петок, 1 мај 2026

Дачиќ: Крах на Албанците при генералната проба за еднострани потези

Објавено на

часот

Сподели

Преговарачите на Белград и Приштина вчера во Брисел постигнаа договор за решавање на кризата на Косово предизвикана со воведување на привремени таблички за возилата од централна Србија.

„Нашиот став од почетокот беше дека не прифаќаме еднострани потези, дека РОСУ (специјалните единици на косовската полиција) мора да се повлече. Тие прашање сме спремни да ги решаваме, а местото за тоа е дијалогот“, кажа Дачиќ.

Дачиќ кажа дека по вчерашниот договор „сите сфатиле“ дека Србија сериозно мисли да го продолжи дијалогот и дека постојат црвени линии на трпението на едностраните акции.

„На сите да им биде јасно, прашањето на Косово е витално национално и државно прашање на Србија. Секој обид насилно да се освои северот, нашиот народ да доживее погром, Србија нема да го дозволи“, истакна тој.

„Смешно е што ги повикуваат двете страни да се смират, а никако да се дефинира кој всушност е тој што ги крши договорите и не го почитува договореното“, кажа Дачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ