петок, 24 април 2026

Црногорската полиција на улица, најдени преку еден тон кокаин (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Две лица се уапсени во акција на полицијата во која синоќа беше запленет повеќе од еден тон кокаин“, соопштено е на официјалниот профил на црногорската полиција. Дрогата, се додава, е запленета во магацин во Зета, а се наоѓала во пратка банани.

„Полицијата заплени 1.205 пакувања опојни дроги во местото Мојановиќи во Зета со вкупна тежина од преку еден тон. Дрогата е најдена во пратка банани. Две лица се лишени од слобода“, соопшти полицијата.

Подгоричките медиуми јавуваат дека е запленет над тон и пол кокаин.

Поради акцијата во која е запленето најголемо количество дрога кога било во Црна Гора синоќа биле блокирани улици во Подгорица од страна на полицијата.

„Им честитам на директорот, менаџментот и службениците на управата на полицијата и царината во историската заплена на кокаин. Го правиме тоа што го ветивме. Црна Гора нема да биде земја на криминал“, порача црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ