сабота, 2 мај 2026

Цел Либан остана без електрична енергија, најголемите електрани немаат гориво

Објавено на

часот

Сподели

Електраните Ал Захрани и Деир Амар престанаа со работа откако се потрошија резервите на дизел, а количината на произведена електрична енергија падна под 200 мегавати.

Ројтерс, повикувајќи се на официјален извор, објави дека државата ќе остане без електрична енергија барем неколку дена.

„Либанската електрична мрежа целосно престана да работи денеска на пладне и малку е веројатно дека ќе почне да работи до понеделник“, рече официјалниот претставник.

Националната енергетска компанија ќе се обиде да ја искористи воената резерва гориво за привремено стартување на електраните, но тоа нема да се случи во скоро време, рече официјалниот претставник.

Прекинот на електричната енергија доаѓа додека Либан, земја со 6,8 милиони жители, се бори со општ недостаток на гориво, принудувајќи многу компании да престанат да работат, а граѓаните почнаа да купуваат гориво на црниот пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ