петок, 1 мај 2026

Член на ОН убиен, четворица повредени во бомбашки напад во Мали

Објавено на

часот

Сподели

„Еден загинат и тројца сериозно повредени откако еден наш тим удрил во импровизирана експлозивна направа во близина на Тесалит“, близу до алжирската граница, соопшти во саботата мировната мисија на ОН во Мали, МИНУСМА.

„Денешниот кукавички напад само ја зајакнува решеноста на МИНУСМА да му помага на Мали и на неговиот народ во потрагата по мир и стабилност.“

ОН соопштија дека нападот се случил во близина на Тесалит во регионот Кидал.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика властите на Мали „да не штедат напори во идентификувањето на сторителите за да бидат изведени пред лицето на правдата“ и додаде дека нападите врз мировниците според меѓународното право може да се окарактеризираат како воени злосторства.

Судирите меѓу владата на Мали и екстремистичките бунтовници траат од 2012 година, а мисијата на ОН е во таа земја од 2013 година. Безбедносната состојба за мировниците таму е многу лоша.

Мисијата на ОН испрати повеќе од 13.000 војници за да го спречат насилството од вооружените групи на северот и центарот на земјата.

Од 2013 година има регистрирано околу 255 смртни случаи, што ја прави една од најсмртоносните меѓу десетината мировни мисии на ОН.

Вооружените борци поврзани со Ал каеда и ИСИС во последните години ја засилија активноста во африканскиот регион Сахел, раселувајќи илјадници луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ