петок, 24 април 2026

Четири американски војници загинаа во нападот во Кабул (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, во изјава рече дека „голем број“ американски војници загинале во нападот, но не даде конкретни податоци.

Други се ранети, а загинале и „голем број Авганистанци“.

Амбасадорот на САД во Кабул потврдил пред локалниот персонал дека четворица американски маринци загинале во експлозиите, а тројца се ранети, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на американски службеник што бил присутен. Друг официјален претставник потврди дека „најмалку тројца“ Американци се повредени.

Експлозијата пред аеродромот во Кабул беше предизвикана од бомбашки самоубиствен напад, изјави денеска неименуван американски функционер за Ројтерс, повикувајќи се на првични информации и предупредувајќи дека тоа може да се промени. Најверојатно напаѓачите се припадници на Исламска држава.

[media file=”/files/article/2021/08/26/0-02-04-33b07ea3562c5e35070682696a6e17b229d08c543e0ff94bfd3231c03e6d887ceef774d6a5faef3f.mp4″]

Западните влади, меѓу другите и американската и британската, постојано предупредуваа на неизбежна можност за терористички напад на аеродромот. 

[media file=”/files/article/2021/08/26/0-02-04-98e913256cd6cbbded2bdb2d1849fde185ab96809309bc6e0272e4dbb7866b72f01a0864a40f0071.mp4″]

Според Пентагон, жртвите се резултат на „комплексен напад“ во кој загинале и голем број авганистански цивили. Во експлозиите – за кои се претпоставува дека се резултат на еден самоубиствен бомбашки напад на портата Аби и едно возило-бомба во близина на хотелот Барон – загинаа вкупно 13 лица, потврди портпаролот на талибанците. Меѓу нив има и деца, а многумина се повредени. Талибанските стражари се меѓу повредените од експлозијата, додал претставникот. Подоцна, болница во Кабул соопшти дека најмалку 60 повредени лица се пренесени на лекување.

Предупредуваме, видеото е вознемирувачко:

[media file=”/files/article/2021/08/26/0-02-04-303f15752f16c541c52805264f10359459cd8484843c2a68bbbca87586c71282b1f3b58f72bfdf7.mp4″]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ