четврток, 7 мај 2026

Бугарија не сака НАТО трупи на своја територија: „Не гледаме потреба“

Објавено на

часот

Сподели

Тој ги потврди извештаите дека во НАТО се разговара за различни опции, вклучувајќи и присуство на воените сили на Бугарија и Романија во Црното Море како дел од мисијата наречена Подобрено напредно присуство во рамки на која НАТО веќе распореди дополнителни воени сили во балтичките земји и Полска, пренесува Ројтерс.

„Мојот став е дека таквиот пристап потенцијално може да доведе до непожелно зголемување на тензиите во регионот“, објави Јанев на Фејсбук и оцени дека засега нема причина распоредувањето на руските трупи да се смета за директна закана за Северноатлантската алијанса и нејзината зона на влијание.

„Во таа смисла, не верувам дека постојат реални околности кои може да ја оправдаат одлуката во врска со разместување дополнителни трупи на територијата на Бугарија“, порача Јанев.

Тој додаде дека Бугарија, која влезе во НАТО во 2004 година, внимателно ја следи ситуацијата, како и дека е спремна да го зголеми капацитетот на своите оружени сили во рамки на засилените напори на НАТО за одвраќање и одбрана, ако тоа биде потребно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ