Таа за Радиотелевизија Србија (РТС) кажа дека во болниците низ земјата сега има помалку луѓе, иако Србија има до осум илјади заразени дневно, отколку кога имало 5.000 до 6.000.
„Пандемијата ќе престане на два начини – или кога сите ќе се заразиме или кога сите ќе се вакцинираме“, порача српската премиерка, истакнувајќи дека мора да се зборува за личната одговорност и граѓанската солидарност и за потребата од што помасовно вакцинирање.
Таа оцени дека евентуално построгите мерки привремено би довеле до пад на бројот на заразени, но со попуштањето на мерките повторно би следело зголемување на бројот на заразени и дополнителен притисок врз болниците.
Србија во последните 24 часа пријави 49 починати од ковид-19 и 6.401 нов случај од 21.119 тестирани примероци.
Од почетокот на епидемијата на 6 март минатата година тестирани се 5.819.214 примероци, потврдени се 994.708 случаи на зараза, а официјално се пријавени 8.631 смртен случај поврзан со ковид-19.
Процентот на смртност е во благ пад, а со денешните бројки изнесува 0,87.






