Ханкок ја објави својата оставка во саботата, повторно извинувајќи се за прекршувањето на правилата за социјално дистанцирање и на своето семејство што мора да „поминуваат низ ова“.
„На луѓето што жртвуваа толку многу во оваа пандемија им должиме да бидеме искрени кога ќе ги изневериме, како што направив јас со прекршувањето на правилата“, се вели во изјавата на Ханкок.
BREAKING: Matt Hancock resigns – full statement: ? pic.twitter.com/9BkS0iPhsr
— Piers Morgan (@piersmorgan) June 26, 2021
Еден ден пред тоа Сан објави фотографии од снимка од видеонадзор, на кои се гледа како Хенкок ја прегрнува и ја бакнува соработничката Џина Коладанџело, мажена лобистка што минатата година тој ја унапредил на платена позиција.
Наскоро по писмената изјава, Ханкок објави видеопорака на Твитер. „Ние што ги создаваме овие правила мора да се придржуваме до нив и затоа јас морам да дадам оставка“, рече тој.
— Matt Hancock (@MattHancock) June 26, 2021
Ханкок во петокот се извини за прекршувањето на правилата за социјално дистанцирање во чие подготвување тој помогна и рече дека му е „многу жал“ што ја изневерил земјата. Премиерот Борис Џонсон го прифати извинувањето на Ханкок, а Даунинг стрит подоцна тој ден заклучи дека „работата е завршена“.
Сепак, во медиумите и на интернет се ширеа повици за негова оставка, особено со оглед на фактот дека Ханкок минатата година ја поддржа оставката на професорот Нил Фергусон, епидемиолог и владин советник, кој беше фатен како го прекршува карантинот за да се сретне со својата мажена љубовница.
Оставката доаѓа откако и повеќе конзервативни пратеници во саботата се приклучија во барањето Ханкок да се повлече.
Хенкок е женет и има три деца, а во писмото со оставката напиша дека во овие моменти треба да биде со своите деца.






