сабота, 2 мај 2026

Борци за слободата на говорот: Новинарите Реса и Мурат се добитниците на Нобеловата награда за мир

Објавено на

часот

Сподели

„Реса и Муратов ја добија Нобеловата награда за својата храбра борба за слободата на говорот на Филипините и во Русија“, рече Берит Рајс-Андерсен, претседателка на Норвешкиот комитет за доделување на Нобеловата награда за мир.

Во исто време, тие се претставници на новинарите кои се залагаат за своите идеали во свет во кој демократијата и слободата на медиумите се загрозени, додаде таа.

Марија Реса (58) е филипинска истражувачка новинарка и основач на независниот информативен портал Раплер, кој го основала во 2012 година. „Таа се користи со слободата на говорот за да ја разоткрие злоупотребата на моќта и сè поголемата авторитарност во своите родни Филипини“, се вели во соопштението.

Муратов (59) е главен уредник на рускиот весник Новаја газета. „Со децении ја брани слободата на изразување во Русија во екстремно тешки околности“, рече Рајс-Андерсен.

Ова е првпат Нобеловата награда за мир да се додели за одбрана на слободата на говорот.

Двајцата новинари ќе го поделат финансискиот дел од наградата од 10 милиони шведски круни (980.000 евра), а признанието ќе им биде врачено на 10 декември во Осло, доколку епидемиолошките услови дозволат.

Минатата година, Нобеловата награда за мир ја доби Светската програма за храна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ