На двата премини се распоредени специјални сили на косовската полиција РОСУ. На северот на Косово од Србија може да помине само пешки.
Единиците на српската војска се во највисока борбена готовност во гарнизоните Рашка и Нови Пазар.
Србите се незадоволни од одлуката на косовската влада за замена на српските таблички со привремени косовски.
Денес околу пладне преминот Јариње го надлетувале авиони на српската војска, слично на борбените хеликоптери кои вчера летаа во таа област. Појавата на авионите демонстрантите ја поздравиле со аплауз и извици „Србија, Србија“.
[video:https://youtu.be/WXD1OpVNgsI autoplay:0]Освен тоа, на Јариње и на Брњак е мирно. Помалку луѓе има на Брњак, отколку на Јариње. Неспоредливо помалку има и полиција на пунктот кон Брњак.
Два камиони полни со песок се поставени како барикади преку еден од мостовите каде Србите протестираат поради присуството на специјалната полиција и воведувањето на пробни таблички за автомобилите од Србија. Од блокадите до пунктовите може да се помине само пешки.






