сабота, 25 април 2026

Бивш авганистански министер разнесува пица во Германија: Заработувам 15 евра на час

Објавено на

часот

Сподели

Шест часа секој ден, Саед ја носи препознатливата портокалова јакна и големиот, коцкест ранец во кој ја доставува храната.

„Нема срам во тоа. Работата е работа“, рече тој.

Садат е еден од илјадниците Авганистанци што си најдоа нов дом во Германија во последните години.

Од 2015 година и големиот прилив на мигранти од Сирија и Ирак, околу 210.000 Авганистанци побарале азил во Германија. Тоа ги прави втората најмногубројна група што бара заштита по Сиријците.

Со враќањето на талибанците на власт, Германија евакуираше уште 4.000 Авганистанци од земјата, вклучувајќи ги и оние што работеа за НАТО и ЕУ.

Патувањето на Садат во Германија било многу помалку драматично.

Тој беше министер за комуникации во авганистанската влада од 2016 до 2018 година, но поднесе оставка затоа што повеќе не можел да ја толерира корупцијата во владата.

„Кога работев како министер, имаше голема разлика помеѓу блискиот круг на претседателот и мене“, вели тој.

„Тие ја гледаа сопствената корист, а јас сакав парите навистина да се искористат за потребите на проектот“, додаде тој.

По оставката, тој се вработи како советник во авганистанскиот телекомуникациски сектор. Но до 2020 година ситуацијата во земјата се влоши и тој одлучи да замине.

Садат има двојно авганистанско-британско државјанство, но не можел да се вработи во Британија, па се одлучил за Германија, каде што имал повеќе можности.

Проблемот, сепак, е што тој не зборува германски и затоа се мачел да најде работа.

Планирал да го научи јазикот, но планот му бил нарушен од пандемијата. Сега го учи четири часа дневно, пред да седне на велосипедот за достава.

„Ми плаќаат 15 евра на час, што е доволно за покривање на дневните трошоци и киријата од 420 евра месечно.“

Тој не жали за одлуката да се пресели во Германија.

„Знам дека ова е краткорочно, додека да најдам друга работа“, вели тој.

Со враќањето на талибанците на власт и повлекувањето на НАТО од неговата татковина, тој верува дека во Германија му се отвора уште една можност.

„Би можел да ја советувам германската влада за Авганистан, бидејќи сѐ ми е познато“.

Сепак, признава дека никој од германските власти сѐ уште не го контактирал.

Смета дека талибанците за човековите и женските права „можеби извлекле поука од своите грешки во минатото“, но ја повикува меѓународната заедница да не се откажува од Авганистан.

Особено кога станува збор за економската поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ