четврток, 7 мај 2026

Бил Гејтс смета дека може да влегуваме во најлошиот дел на пандемијата

Објавено на

часот

Сподели

„Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, би можеле да влеземе во најлошиот дел од пандемијата“, напиша Гејтс на Твитер.

Пред само две недели во постот за крајот на годината на својот блог Гејтс напиша дека 2021 била „најнеобичната и најтешката година во неговиот живот“.

Но, кажа дека се надева дека крајот на пандемијата се гледа и дека акутната фаза ќе дојде до крајот на 2022 година.

Сепак, се чини дека брзото ширење на омикрон очигледно негативно влијаело врз оптимизмот на Гејтс.

Во серијата од седум твитови тој вели дека омикрон „се шири побрзо од кој било вирус во историјата“ и дека „тоа ќе биде најлошиот бран кој до сега сме го виделе бидејќи е толку заразен“.

Гејтс смета дека брзото ширење би можело да значи дека бранот на омикрон во САД би можел да трае пократко од три месеци и истакна дека пандемијата би можела да биде готова во 2022 ако се преземат вистинските чекори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ