Астронаутите мора да бидат дел од екипаж и да направат научен и придонес во поглед на безбедноста на вселенските летови, се наведува, меѓу другото, во новите правила на американската Федерална администрација за авијација (ФАА).
Ова се први промени кои се воведени во дефиницијата на поимот „астронаут’ откако ФАА ја воведе дефиницијата во 2004 година.
Воведен е поимот комерцијален астронаут, кој подразбира исполнување само на висинскиот услов од 80 километри, што двата милијардери го постигнаа.
Измените се донесени во вторникот – истиот ден кога најбогатиот човек во светот Џеф Безос одлета до работ ан вселената со ракетата Блу ориџин. Девет дена пред него, британскиот милијардер Рочард Бренсон го изведе истиот подвиг летајќи во ракетниот авион „Јунити“ на неговата компанија Вирџин галактик.
Како комерцијални астронаути, Безос и Брансон не можат да добијат официјални ордени од ФАА. Ознаките за астронаути, кои им беа закачени на скафандерите по летовите, ги направија нивните компании и не се официјални ордени.






