четврток, 16 април 2026

Белорусија гневна поради санкциите на Западот: „Ова е објава на економска војна“

Објавено на

часот

Сподели

Западните сили вчера координирано воведоа нива низа санкции против белоруски функционери, пратеници и министри од владата на претседателот Александар Лукашенко, откако белоруските власти минатиот месец присилија авион на Рајанер, кој леташе од Атина за Вилнус, да слета за да може да биде уапсен дисидент кој патуваше во него.

Минск објави дека санкциите ќе имаат негативно влијание врз белоруското население, па предупреди дека ќе мора да донесе реципрочни мерки кои би можеле да им наштетат на граѓаните и компаниите на западните земји.

„Европската Унија ги продолжува намерните деструктивни акции против населението за, наводно, финансиски да го исуши режимот. Тоа всушност се граничи со објавување економска војна“, објави министерството.

Министрите за надворешни работи на државите членки на ЕУ вчера воведоа санкции против 78 поединци и осум правни лица од Белорусија поради сериозни кршења на човековите права, репресија над цивилното општество, демократската опозиција и новинарите.

Ова е четврта рунда санкции, а со рестриктивните мерки на ЕУ досега се опфатени 166 лица и 15 правни субјекти од Белорусија.

Мерките вклучуваат замрзнување на нивниот имот во ЕУ, а на европските граѓани и фирми им е забрането со нив да соработуваат и да им уплаќаат пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ