Утринските мерења го држеа Белград до пладнето на врвот на таа листа со најголема концентрација на ПМ 2,5 честички, поголема и до 12,5 пати од нормалните вредности. Според наводите на порталите, Белград по загаденоста речиси до пладне бил пред индиските и кинеските градови.
Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина и Беоеко, воздухот е во категоријата „загаден“ и „нездрав“ на речиси сите мерни пунктови во Белград, а висока загаденост имаат и српските градови Ваљево, Ужице, Нови Пазар, Панчево и Пирот, а во категоријата „многу загаден“ е Смедерево.
Категоријата „загаден воздух“ е предупредување дека здравствени тешкотии можат да се јават во целата популација, а посериозни тешкотии кај постарите, децата и лицата со болести на срцето и белите дробови, гласи предупредувањето објавено на официјалната страница на Агенцијата.
Србија, во рамки на таканаречената зелена агенда, се обврза дека ќе ги намали и редуцира индивидуалните котли на јаглен во станбените згради кои не се приклучени на системот за градско греење кој претежно користи гас.
Развој на системот за превоз со трамваи, купување електрични автобуси и трамваи, изградба на погони за преработка на отпадните води, енергетска реконструкција на зградите, воведување систем на јавни велосипеди, ширење на мрежата на велосипедски патеки и изградба на 10.000 квадратни метри зелени ѕидови и зголемување на површините под шума за 10 отсто се некои од клучните планови за кои треба да се вложат 5,2 милијарди евра за Белград за 10 години да ги достигне стандардите на зелен град, се наведува во агендата на градската управа на Белград.






