среда, 22 април 2026

Башар ал Асад положи претседателска заклетва по победата на спорните избори

Објавено на

часот

Сподели

Асад се заколна над уставот и Куранот во присуство на повеќе од 600 гости, вклучувајќи министри, бизнисмени, универзитетски претставници и новинари.

Изборите се одржаа на 26 мај, а Асад освои 95,1 процент од гласовите.

Легитимноста на изборите е оспорувана од голем број Сиријци кои не живеат во области под контрола на владата на Асад.

Легитимноста на изборите не ја признаваат ниту западните земји кои наведуваат дека се прекршени резолуциите на ОН донесени со цел да се реши кризата преку преговори меѓу владата и опозициските групи и изготвување нацрт на нов устав.

Сирија е во граѓанска војна веќе 10 години, во која загинаа скоро половина милион луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ