недела, 3 мај 2026

Бандата од Хаити која ги грабна 17-те американски мисионери се закани дека ќе ги убие

Објавено на

часот

Сподели

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа како Вилсон Џозеф, во син костум и со голем крст околу вратот, се заканува со убиство на грабнатите мисионери.

„Се колнам дека, ако не го добијам тоа што го барам, ќе им ставам куршум во главите на овие Американци“, вели Џозеф, а пренесува Асошиејтед прес.

Пред ковчезите во кои очигледно се наоѓаат неколку неодамна убиени членови на неговата банда, Џозеф им се закани на премиерот Ариел Анри и шефот на полицијата Леон Шарл.

„Вие ме расплакавте. Плачам вода. Но јас ќе ве натерам да плачете крв“, им порача.

Грабнувачите кои во саботата на Хаити грабнаа група мисионери од САД и Канада бараат милион долари откупнина за секое грабнато лице, односно вкупно 17 милиони долари, кажа министерот за правосудство на Хаити.

Истата група криминалци во април грабна група католички свештеници. Свештениците подоцна беа ослободени, но не е познато дали за нив е платена откупнина.

Сите грабнати лица се државјани на САД, освен едно кое е од Канада. Меѓу нив има пет мажи, седум жени и пет деца. Најмладото дете има само две години, пишува Би-би-си.

Мисионерите работеле за Кристијан еидс министрис, непрофитна организација со седиште во американската држава Охајо, која набавувала храна и облека за децата од Хаити и им обезбедувала сместување.

Седумнаесетте христијански мисионер и членовите на нивните семејства во саботата беа грабнати во главниот град на Хаити Порт о Пренс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ