сабота, 2 мај 2026

Бајден разговараше со Си за Тајван

Објавено на

часот

Сподели

„Разговарав со Си за Тајван. Се согласуваме, ќе го почитуваме тајванскиот договор. Јасно ставивме на знаење дека не мислиме дека би требало да се прави што било друго освен да се придржуваме кон договорот”, соопшти во вторникот американскиот претседател, пренесува Ројтерс.

Се смета дека во оваа изјава Бајден се повикува на долгогодишата политика на Вашингтон за „една Кина”, според која САД официјално го признаваат Пекинг, а не Тајпеј, и на Законот за односите со Тајван, кој јасно дава на знаење дека одлуката на САД да воспостави дипломатски врски со Пекинг наместо со Тајван почива на очекувањето дека иднината на островот ќе се одредува по мирен пат.

Тајпеј извести за 148-те авиони на кинеските воздушни сили во јужниот и југозападниот дел на зоната на неговата противвоздушна одбрана за време на четиридневен период, почнувајќи од петокот, истиот ден кога Кина го одбележа својот главен празник, Денот на државноста.

Вашингтон во неделата ја повика Кина да ги прекине своите воени активности во близина на Тајван.

„САД се мошне загрижени поради провокативната воена активност на Кина во близината на Тајван, која дестабилизира, ризикува погрешни процени и го поткопува регионалниот мир и стабилност”, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тензиите околу Тајван се зголемија во последниве години и Пекинг не ја исклучува употребата на сила за враќање на островот, кој го смета за своја суверена територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ