среда, 6 мај 2026

Бајден: Нема да испраќаме војници во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Бајден рече дека Русија и најмалку четири големи членки на НАТО ќе се сретнат на состанок на високо ниво „за да разговараат за загриженоста на Русија за проширувањето на НАТО“ и дали може да се направи нешто за „да се намали температурата на источниот фронт“.

Бајден им рече на новинарите дека за време на нивната двоиполчасовна средба јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ќе се соочи со невидени економски последици доколку ја нападне Украина.

Тој додаде дека е сигурен оти Путин добро ја разбрал пораката. „Бев многу јасен: ако ја нападне Украина, ќе има тешки последици, економски последици какви што сѐ уште не се видени.“

Белата куќа во вторникот објави дека Бајден не му направил никакви отстапки на Путин, кој е загрижен за можното членство на Украина во НАТО. Рускиот претседател побарал гаранции дека НАТО повеќе нема да се шири на исток.

Двајцата лидери во вторникот виртуелно разговараа за Украина и за други спорни прашања, во време кога американско-руските односи се на најниско ниво и додека се трупа руска војска на границата со Украина.

Кремљ инсистира дека нема намера да ја нападне Украина и дека распоредувањето на армијата е од одбранбен карактер.

Бајден, исто така, рече дека САД ќе ѝ испратат одбранбени системи на Украина и дека имаат морална и правна обврска да ги бранат сојузниците во НАТО доколку бидат нападнати, но дека обврската не се однесува на Украина.

„Тоа не е на маса“, одговори Бајден на прашањето дали армијата ќе спречи евентуален руски напад врз Украина.

„Ќе зависи од тоа што ќе кажат другите членки на НАТО. Но идејата САД еднострано да употребат војска против Русија која ја напаѓа Украина… не е опција“, рече Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ