четврток, 23 април 2026

Бајден му порача на Путин да преземе акција против руските сајбер-криминалци

Објавено на

часот

Сподели

Разговорот се случил помалку од еден месец по средбата на двајцата лидери во Женева, кога Бајден го предупреди Путин да се престане со сајбер-нападите врз американски компании, за кои се верува дека повеќето доаѓаат од Русија.

Последниот напад со рансомвер, кој се случи минатиот викенд, беше поврзан со хакерската група РЕвил, со седиште во Русија.

Белата куќа наведе дека „Бајден ја нагласи потребата Русија да преземе мерки за попречување на рансомвер-групите што дејствуваат во Русија и истакна дека тој е посветен на континуиран ангажман на пошироката закана што ја претставува рансомвер“.

Бајден повторил дека Соединетите Држави ќе ги преземат сите неопходни мерки за да го одбранат својот народ и својата инфраструктура, додаде Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ