Двајцата лидери разговараа за неопходните напори за зајакнување на одбраната на Европа, истовремено обезбедувајќи комплементарност со НАТО, соопшти американската влада.
Разговорот меѓу Бајден и Макрон е одржан пред нивнaтa средба по повод Г-20 во Рим кон крајот на октомври, по што следи посета на Камала Харис на 11 и 12 ноември во Париз, кога ќе биде примена од претседателот Макрон.
Харис и Макрон „ќе разговараат за важноста на трансатлантските односи за светскиот мир и безбедност и ќе инсистираат на важноста на нашето партнерство за планетарните предизвици како што се ковид-19 и климатската криза“, соопшти Белата куќа.
Со разговорот меѓу двајцата лидери и посетата на Камала Харис треба да се подобрат односите меѓу Париз и Вашингтон по кризата предизвикана со објавувањето на новиот сојуз меѓу Соединетите Држави, Австралија и Велика Британија.
Тоа партнерство наречено АУКУС го предизвика гневот на Франција бидејќи пропадна мега договорот за австралиското купување на француските подморници.
Тоа е најсериозната дипломатска криза меѓу историските сојузници по француското одбивање да ѝ се приклучат на Америка во војната во Ирак во 2003 година.






