сабота, 2 мај 2026

Бајден целосно се изгуби за време на говор: Синоќа бев на телевизија… на телефон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Господине градоначалник, ви благодарам на повикот за посета на вашиот град. Ви кажувам, секогаш кога доаѓам во Вашингтон посакувам некого да украдам и да го однесам во Вашингтон. Тоа го направив неколку пати“, ѝ кажа 78-годишниот Бајден на градоначалничката.

Некои од присутните сметале дека Бајден всушност мислел на градоначалникот на Елк грув вилиџ Крег Џордан. Тој за време на патувањето на таа населба во Илиноис ги повикал приватните работодавци да воведат задолжително вакцинирање.

Бајден направи дополнителна грешка кога се обиде да се повика на претседателот на сенатот на Илиноис Дон Хармон.

„И Охајо Пенсилванија, Охајо Пенсилванија, јас сум од Пенсилванија, претседателот на Илиноис“, кажа Бајден.

Потоа американскиот претседател ја помеша телевизијата со телефонски разговор кога на гледачите им раскажуваше за комуникацијата со вработен на една болница.

„Синоќа бев на телевизија, на телевизија. Телефонски разговарав со лице на итниот оддел на болницата“, се сети тој.

[video:https://youtu.be/O0AuR_zx8d4 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ