Два од најтешко погодените региони, Горна Австрија и Салцбург, беа првите што објавија дека ќе воведат карантин в понеделник.
Идејата за карантин исклучиво за невакцинираните првпат беше изнесена од владата во септември како последица на кошмарното сценарио во кое 30% од креветите на интензивна нега се окупирани од пациенти со ковид-19. Таа бројка моментално изнесува 20% и се зголемува. Здравствените власти се сѐ позагрижени дека болниците ќе станат преполни, среде, како што ја нарекуваат, „пандемијата на невакцинираните“.
Претседателот Александар Ван дер Белен во саботата предупреди дека ситуацијата во некои болници и оддели за интензивна нега е „неподнослива“ и може дополнително да се влоши доколку не се преземат строги мерки.
Околу 65 отсто од деветмилионското население на Австрија се целосно вакцинирани, што е една од најниските стапки во Европа, според Ројтерс. Австриската влада предупреди дека околу 83 отсто од симптоматските случаи регистрирани помеѓу јануари и септември оваа година се однесуваат на невакцинирани лица.






