Меѓутоа, таа опција е отворена само за лицата кои се трајно тешко или неизлечиво болни. Активната еутаназија е и понатаму забранета.
Новиот закон стана нужен откако Уставниот суд ја укина забраната за потпомогнато самоубиство. Според мислењето на судиите, со тоа се крши правото на самоопределување.
Новиот закон за потпомогнато самоубиство содржи неколку услови кои мора да бидат исполнети. Така лицето кое го бара мора да има најмалку 18 години и медицинска дијагноза, а секој случај ќе го проценуваат двајца лекари. Освен тоа, ќе мора да минат најмалку неколку недели за да се обезбеди дека еутаназијата не се бара поради привремена криза. Дури потоа ќе може да се добие смртоносниот лек во аптека.
Владејачката конзервативна Австриска народна партија (ОВП) и партнерските Зелени го поддржаа законот во парламентот, како и опозициските социјалдемократи и либералната партија Неос. Само крајно десната Партија на слободата на Австрија (ФПО) не се сложи.
Министерката за правосудство Алма Задиќ од Зелените истакна дека ќе бидат преземени и мерки за нудење алтернатива на самоубиството.






