сабота, 2 мај 2026

Австралија нема да прима странски туристи до 2022 година

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор за австралискиот Канал 7, Морисон зборуваше за приоритетите и отворањето на границите, кои се затворени од март 2020 година.

„Ако сте биле двапати вакцинирани во странство и престојувате во Австралија, ако сте австралиски државјанин и ако сте член на семејство, може да патувате“, рече Морисон.

Странските туристи не се на листата на приоритетите. Морисон изјави дека тие ќе можат да влегуваат во Австралија од 2022 година.

Како што рече, следниот приоритет се оние што доаѓаат во Австралија на образование.

„Тоа се студентите што се враќаат. Верувам дека следната година ќе примаме меѓународни посетители“, рече австралискиот премиер.

Во Австралија се очекува процентот на целосно вакцинирани до крајот на октомври да достигне 80 отсто.

Во моментов 57,4 проценти од граѓаните ја имаат завршено имунизацијата, а 79,9 проценти примиле барем една доза.

И покрај строгите мерки преземени од 25 јануари 2020 година, кога вирусот првпат беше регистриран во Австралија, вкупно 115.859 луѓе беа позитивни на ковид-19, а 1.355 починаа како резултат на инфекцијата.

Во моментов во Австралија се регистрирани 23.354 активни случаи, а 298 од 1.535 хоспитализирани пациенти се на одделенијата за интензивна нега.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ